Дома Фудбал Останато Словенците го продаваат креветот на кој спиел Кристијано Роналдо📷

Словенците го продаваат креветот на кој спиел Кристијано Роналдо📷

Хотелот „Гранд Плаза“ во Љубљана одлучил да го продаде креветот во кој спиеше фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога одигра пријателски натпревар со Словенија.

Од службата за односи со јавноста на хотелот, велат дека креветот е ставен на аукција со почетна цена од 5.000 евра, а приходот ќе биде дониран за хуманитарни цели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Бидејќи ова беше посебен, невообичаен случај, решивме да подготвиме изненадување во кое ќе можат да учествуваат сите фанови. Не знаеме кога и дали воопшто повторно ќе имаме шанса да го нагостиме Роналдо во Љубљана“, велат од хотелот.

Навивачите го чекале неколку часа на аеродромот Брно, а потоа и пред хотелот Гранд Плаза, каде што престојуваше со португалската репрезентација. Репрезентациите на Словенија и Португалија на 26 март одиграа пријателски натпревар кој Словенија го доби со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФК Брегалница доби нов претседател!

Фудбалскиот клуб Брегалница во моменти додека води битка во Втората лига за враќање на мес…