За натпреварот од „ЕХФ купот“ помеѓу Македонија и Црна Гора влезот ќе биде слободен, соопштија од РФМ.
„Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ купот помеѓу Црна Гора и македонската национална женска селекција кој ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ на 07.10.2021 г. (четврток) со почеток во 20:15 часот, влезот е слободен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 (Сл.Весник бр.199 од 25.08.2021 г.) дозволен е максимум 30% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект .
При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :- сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :- сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување.“, стои во соопштението од ракометната федерација.
Натпреварот исто така ќе може да се проследи со директен пренос на МРТ.