Aктуелниот шампион во УФЦ во лесна категорија, Кабиб Нурмагомедов и понатаму е непоразен во професионалната кариера (28:0). Во саботата тој го совлада Дастин Пориер и го одбрани шампионскиот појас, а веднаш потоа почна да се пишува за неговиот следен противник.
Кабиб го примора Пориер да се предаде во третата рунда во големиот спектакл на Блискиот исток.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу се пишуваше дури првиот човек на УФЦ, Дан Вајт најави дека следен противник на Кабиб ќе биде Тони Фергусон. Меѓутоа агентот на Нурмагомедов зборува нешто друго.
„На никого не му гајле што Фергусон зборува. Колку што знам јас следен противник на Кабиб треба да биде Жорж Сент Пјер. Тони нема да го добие она што го сака, Кабиб е во позиција да бира. Ако Кабиб повика и каже дека сака борба со Пјер, ќе ја добие. Фергусон не може да се споредува со него, победил во многу борби, но никогаш не бил шампион. Ако Кабиб се бори со Пјер тоа ќе биде борба по која публиката ќе полуди, ќе биде тоа борба за статусот најголем на сите времиња“, изјави Али Абделазиз.
Инаку, Фергусон е во серија од 12 победи во низа.