Дома Македонски спорт Мак фудбал Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски остануваат во ФК Тетекс

Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски остануваат во ФК Тетекс

Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски минатата сезона го спасија Тетекс од испаѓање, па затоа ќе го предводат и наредната сезона во Втората лига запад.

Тетекс на социјалните мрежи потврди дека двајцата остануваат во клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ве известуваме дека шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски и следната сезона ќе го предвода тимот на Фудбалскиот клуб Тетекс – Тетово. Соработката се постигна на обострано задоволство, бидејќи заедничката цел во претходната сезона ја постигнавме и токму поради нив. Со огромна задоволство сакаме да ја споделиме веста дека во клубот остануваат Коста Богоевски (кондициски тренер), Миле Спировски (тренер на голмани) и Ивица Пејовски (физиотерапевт)“, стои во клупското соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…