Англиската Премиер лига објави дека после втората рунда на тестирања позитивни на Ковид -19 се две лица, од вкупно 996 тестирани.
Тестирањата на играчите и членовите на сите 20 премиерлигаши беа направени во четврток 21. мај и петок 22. мај.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Да потсетиме, после тестирањата на 17. и 18. мај имаше шест позитивни тестови од вкупно 748 тестови.
Како што практикува, Премиер лигата не сакаше да ги открие заразените лица.
Секој клуб од Премиер лигата во текот на неделата добива 100 тестови. Од вторникот на клубовите им е дозволено да тренираат во мали групи, а целта е сезоната да продолжи на 12. јуни.