Рома со 4-2 го победи Ливерпул, но тоа не беше доволно да се надполни негативата од „Енфилд“ и остана без пласман во финалето.
Сепак, после мечот во центарот на вниманието е судијата Дамир Скомина, кој направи неколку големи грешки, кои според многумина беа одлучувачки за крајниот исход.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од таборот на Рома сметаат дека не им биле досудени два пенали, а при едниот Арнолд требаше да добие и црвен картон доколку беше покажано на белата точка.
Според италијанскиот новинар,Танкреди Палмери, Скомина по мечот сфатил што направил и се почувствувал многу лошо поради тоа.
„Судијата Скомина по мечот во соблекувалната се чувствуваше скршен откако си ги сфати грешките, призна дека погрешил“, вели Палмери.
EXCLUSIVE: Referee Skomina after the game in the changing room felt destroyed after realising the mistakes, admitted he was wrong
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) May 2, 2018