Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс ја критикуваше играта на „Црвените ѓаволи“ во рамките на третото коло во Лигата на Еворпа против Партизан.
Јунајтед во нешто променет состав славеше во Белград, а единствениот гол го постигна Марсијал од пенал. Сепак, Јунајтед разочара, Партизан беше подобар и поопасен, а изгледа дека беше оштетен и за пенал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„По ремито со Ливерпул, сите малку се охрабривме, но потоа го погледнавме овој натпревар и сфативме дека се е исто како на почетокот на сезоната. Како во тимот да се странци, како никогаш да не играле заедно. Не постои никаква врска помеѓу играчите за врска и напаѓачите. И во одбраната тоа изгледа лошо“, изјави Сколс.
Јунајтед сега е прв во групата Л со седум бода, Алкмар има пет, Партизан еден помалку, додека Астана е без бодови.