Дома Македонски спорт Мак фудбал Скендери се врати во Ѓорче: Едвај чекам да дебитирам!

Скендери се врати во Ѓорче: Едвај чекам да дебитирам!

Напаѓачот Емир Скендери (22) е шестото засилување за Македонија Ѓорче Петров.

Изминатите две години Скендери ги помина во Струга Трим Лум, а сега се враќа во Македонија Ѓорче Петров каде што ги направи првите фубдласки чекори.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во кариерата Скендери играше уште за Академија Пандев и Тивекеш.

„После многу години се враќам во клубот каде што почнав и едвај чекам да дебитирам во првиот тим, посакувам и ќе се трудам да постигнам што повеќе голови“, изјави Скендери по потписот.

Христијан Пецов, Бојан Илиевски, Александар Ѓорѓиески, Фисник Зука и Џон Мена се играчите кои претходно потпишаа за „лавовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…