Во Италија не изгледа дека некој може да ја прекине доминацијата на Јувентус. „Старата дама“ веќе со години освојува шампионски титули и ги доведува најдобрите играчи од Серија А.
Исто сценарио изгледа ќе гледаме и ова лето. Јувентус постигнал договор со еден од најдобрите играчи во лигата – Федерико Киеза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Киеза минатата сезона одигра одлично. Со својот долг чекор и продорност ги собра симпатиите и покажа дека има потенцијал достојно да го наследи неговиот легендарен татко Енрико кој кон крајот на минатиот милениум со успех го носеше дресот на Парма.
Иако се пишуваше дека овој 21 годишник би можел да остане во Фиорентина после промената на сопственичката структура тоа по се изгледа нема да се случи.
„Скај Спорт“ известува дека Киеза ја избрал својата наредната дестинација и од лето би требало да се придружи на клубот од Торино. Јувентус и претставници на играчот веќе постигнале договор. Станува збор петгодишен договор во вредност од пет милиони евра по сезона.
Шампионот на Италија сега треба да постигне договор со Фиорентина. „Виолетовите“ бараат околу 70 милиони евра. Таа сума Јувентус може да ја плати, но веројатно ќе се обидат да ја симнат.
Младиот италијански напаѓач постигна 12 голови и запиша девет асистенции во 41 настап минатата сезона.