Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон конечно и официјално ќе стане играч на Пари Сен Жермен во наредните неколку денови, пренесува „Скај Спорт“, повикувајќи се на извори од Италија.
Легендарниот 40 годишен голман го напушти Јувентус после цели 17 години поминати во Торино и веќе подолг период се очекува неговиот потпис со тимот на Томас Тухел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме се појавија и информации дека неговиот трансфер би можел да пропадне, но денес реномираниот медиум убедува дека нема никакви пречки и Буфон во наредните неколку дена ќе стане нов играч на ПСЖ.
Условите остануваат исти како претходно најавените. Договор на две години со плата од осум милиони евра по сезона.
BREAKING: Gianluigi Buffon is set to officially join PSG in the next few days. (Source: SkySports) pic.twitter.com/RuamnEfe2a
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 19, 2018