Катар, Канада, Мексико и САД, а потоа?
Познато е каде ќе се одржуваат наредните две светски првенства, Катар ќе биде домаќин на наредниот во 2022 година, а четири години подоцна домаќини ќе бидат Мексико, САД и Канада.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каде ќе се одржи во 2030 година?
Се уште не е познато, но изгледа е познато која ќе биде првата држава која ќе поднесе кандидатура.
Тоа е Англија!
Реномираниот „Скај Спорт“ пренесува дека Англичаните по секоја цена сакаат да бидат домаќини на Мундијалот во 2030 година, а во прилог им оди и тоа што наредните два Мундијали нема да се одржуваат во Европа.
Како и да е се очекуваат кандидатури и од други држави, па потоа можеме да кажаме какви би биле шансите на земјата од каде што потекнува фудбалот.