Челзи и Милан спремаат голема размена. Како што наведува Скај Италија, менаџерот на Челзи, Маурисио Сари сака во своите редови да го донесе Гонзало Игуаин, а за таа цел е спремен на Росонерите да го понуди Алваро Мората.
Сепак, мал проблем претставува фактот што Игуаин е на позајмица во Милан. Опцијата за откупување на договорот за 36 милиони евра само ако Челзи во тоа помогне, бидејќи тимот од Сан Сиро е во проблеми и не смее да издвојува премногу пари поради финансискиот фер-плеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, лондонските Сини се спремни да помогнат. Со задоволство ќе му помогнат на Милан за потоа Сари да го донесе Игуаин на Стемфорд Бриџ, а Мората да го испрати во спротивен правец.
Шпанскиот напаѓач беше желба на Милан во текот на летото. Не успеа да го донесе, а потоа го ангажираа Игуаин во размена со Јувентус и имаат опција да го откупат.
Мората од доаѓањето во Челзи комплетно разочара. Се поизвесно е дека ќе го напушти Стемфорд Бриџ и веројатно повторно ќе го гледаме во Серија А, но овој пат во дресот на Милан.