Манчестер Сити минатото лето го доведе англискиот репрезентативец Калвин Филипс од Лидс за 50 милиони евра.
Филипс требаше да биде големо засилување за тимот на Гвардиола, но Англичанецот ретко добива шанса и не ги оправда очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека иднината на Филипс на „Етихад“ е несигурна поради неговите неубедливи партии па „граѓаните“ се спремни да го продадат.
Таквата ситуација сака да ја искористи Ливерпул, кој и минатото лето покажуваше интерес за Филипс.
Клоп на лето сака да донесе најмалку двајца нови играчи за врска, па е спремен да ризикува со Филипс бидејќи смета дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим.