Дома Фудбал Останато Скапите ѕвезди на ПСЖ играа продолженија со третолигаш (ВИДЕО)

Скапите ѕвезди на ПСЖ играа продолженија со третолигаш (ВИДЕО)

Вилефранче е тим кој минатата сезона избори пласман во третиот ранг од францускиот фудбал, а денес доби прилика да игра против ПСЖ во купот на Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Добро се држеше Вилефранче во осминафиналето и ПСЖ ги елиминираше дури после продолженија каде што „светците“ постигнаа три гола.

Во натпреварот кој беше одигран на стадионот на Лион, ПСЖ очекувано доминираше и имаше поголем број прилики, но и Вилефранче пропушти свои прилики.

ПСЖ напаѓаше констатно, сепак во регуларните 90 минути не видовме погодок.

Првиот погодок за фаворитот го постигна Кавани во 102-та минута, за Муса Диаби после асистенцијата од Мбапе да зголеми на 0:2 во 113-тата. Конечните 0:3 го постави Мбапе во 119 –тата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос на Мундијалот: Снајперист на покривот за време на натпреварот од шеснаесеттина финале! (ВИДЕО)

Неверојатна сцена беше видена за време на натпреварот меѓу Германија и Парагвај во шеснаес…