Дома Фудбал Репрезентации СКАНДАЛОЗНО: Швајцарија на „тацна“ од арбитрите ја запиша вечерашната победа (Видео)

СКАНДАЛОЗНО: Швајцарија на „тацна“ од арбитрите ја запиша вечерашната победа (Видео)

Швајцарија вечерва на гостувањето во Северна Ирска оствари триумф со 1:0 во рамки на првиот натпревар од баражот за пласман на СП во Русија.

Единствениот погодок на мечот беше постигнат во 57. минута, по удар од белата точка, со кој Швајцарија оствари значителна предност пред реваншот на домашен терен.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Но, она што е дискутабилно е дали воопшто имаше пенал? Навивачите и целиот тим имаа шокантна реакција поради судиската одлука.

Еванс се обиде да го сопре ударот на Шаќири, па тоа на арбитарот му изгледаше како играње со рака, по што одлучи да досуди пенал.

Сепак, протестите од клупата и навивачите не вродија со плод, па Швајцарија по овој меч излезе како победник.

Погледнете во продлжение, па одлучете, овде имаше пенал, или сепак, Северна Ирска е оштетена?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…