Фудбалерот на Фулам, Иса Диоп бил уаспен во Франција откако неговата сопруга со која е во процес на развод го пријавила за смртни закани.
Дефанзивецот на лондонскиот тим поради споменатите тврдења е задржан во притвор во родниот Тулуз, а претходно вчера околу 20:00 часот бил уапсен во хотелот „Пулман“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа вест ја објави „La Depes“ регионален портал од Тулуз кој истакнува дека засега не е познато колку фудбалерот ќе биде задржан. Диоп и неговата сопруга одлучија да се разделат пред еден месец, а како што се наведува, главната причина за нападот се барањата на пари од страна на сопругата.
Во полиција Диоп бил пријавен уште минатата недела, но се чекало да пристигне од Лондон.