Со непромислен потег холандската легенда Марко Ван Бастен предизвика бура од реакции во јавноста.
Ван Бастен беше во улог на стручен коментатор за „Фокс“ во натпреварот помеѓу Ајакс и Хераклес, а после натпреварот среде пренос употреби нацистички слоган. Холандската легенда го употреби слоганот „зиг хајл“ кој го користеа нацистите предводени од Адолф Хитлер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најмногу шокира тоа што во првата минута од оваа средба Ајакс и Херкалес не играа и аплаудираа во знак на протест против расизмот на фудбалските терени.
Кога доби остра осуда од јавноста Ван Бастен се обиде да се оправда со тоа дека станувало збор за шега.
„Не сакав никого да навредам. Се извинувам, стануваше збор само за шега, но на крајот се испадна глупаво“, се правдаше холандската легенда.
Arme #marcovanbasten#hijwaseenbeetjedom. pic.twitter.com/v8K3MmoX4H
— ®uudie ®otzak ♂️ (@RuudieRotzak) November 24, 2019