Барселона во вчерашниот натпревар на гостински терен го победи ПСЖ со 2:3 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Шпанците поведоа во 37. минута преку Рафиња, но домаќините направија пресврт со головите на Дембеле во 48. минута и Витиња во 51. минута. Сепак, Рафиња израмни во 62. минута, а Кристенсен го комплетираше пресвртот за Барселона во 77. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека сите телевизии добија изјави од играчите на двата тима по натпреварот, шпанската телевизија „Мовистар“ беше исклучок. Виновникот за ова е поранешниот голман на Атлетико, Герман Бургос, кој ја навреди младата ѕвезда на Барса, Ламин Јамал.
„Доколку му пропадне фудбалската кариера, може да ги забавува луѓето на семафорите“, искоментира Бургос додека зад него Јамал жонглираше со топката пред почетокот на натпреварот.
🚨 Barcelona and PSG refused to give interviews with Movistar after the match last night due to a racist comment made by Germán Burgos about Lamine Yamal:
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) April 11, 2024
“If he wasn't a good footballer his real place would be in front of the traffic lights every night.” 🤯🤯 pic.twitter.com/e1t1RAYDhC
Неговиот коментар доби жестоки критики на социјалните мрежи, а стигна и до играчите на ПСЖ и Барселона, кои одбија да дадат изјави за „Мовистар“ по натпреварот и побараа негово извинување.
„Немав намера да го повредам Јамал. Ако некој се почувствува навреден, јавно се извинувам“, изјави Бургос во студиото по натпреварот,