Навивачите на Ливерпул предизвикаа скандал во Генк со транспарент од нивниот напаѓач Дивок Ориги.
Имено, пред почетокот на натпреварот на трибините беше поставен транспарент со екслицитна фотографија од напаѓачот кој во раце го држи својот пенис , а покрај него е пехарот од ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Обезбедувањето брзо реагираше и на 35 минути пред почетокот на натпреварот беше одстранет од трибините.
Британските медиуми пренесуваат дека челниците на клубот се револтирани поради транспарентот со оглед дека клубот може да се соочи со казна поради расизам.
УЕФА скоро сигурно ќе покрене постапка против Црвените. Сличен пример беше виден претходната сезона кога навивачите на Баерн поставија недоличен транспарент на натпреварот против Реал Мадрид, а УЕФА го казни баварскиот клуб со 25.000 евра.
Од Ливерпул веднаш го осудија потегот на навивачите:
„Фудбалскиот клуб Ливерпул го осудува навредливиот транспарент прикажан на нашиот дел од трибините пред натпреварот. Да бидеме јасни, сликата употреби расистички стереотип.“
Инаку, Црвените славеа во Генк со 4:1 во рамките на третото коло од групната фаза во ЛШ.
Liverpool have strongly condemned their own fans after unfurling a racist banner about Divock Origihttps://t.co/e66wnjkSt0 #LFC pic.twitter.com/2rDQuI7VEY
— Daily Star Sport (@DailyStar_Sport) October 23, 2019