Ситуацијата со Серхио Агуеро може да и направи проблем на Барселона, Аргентинецот нема да биде во комбинација за настап најмалку во наредните три месеци.
Како што е познато откако Агуеро беше заменет пред полувремето против Алавес му беа направени тестови на кои се утврди дека има срцева аритмија поради која ќе мора да паузира.




„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Една од можните замени за него може да биде Дани Олмо кој со Барселона се поврзуваше и претходно, сепак во ваква ситуација кога со Агуеро е неизвесно што ќе биде после три месеци работата може да се забрза.




Олмо во минатото беше дел од Барселона, но ја напушти и потпиша за Динамо како слободен играч, а таму се разви во одличен фудбалер, Лајпциг каде што сега настапува за него плати 20 милиони евра.