Дома Фудбал Ситуацијата се промени: Обложувалниците имаат три фаворити за конечно решние на клупата на Реал

Ситуацијата се промени: Обложувалниците имаат три фаворити за конечно решние на клупата на Реал

real madrid

Главна тема овие денови во шпанските медиуми е кој ќе го наследи Јулиен Лопетеги на клупата на Реал Мадрид.

Ќе потсетиме, поранешниот селектор на репрезентацијата на Шпанија заработи отказ после катастрофалните резултати, а привремно го наследи стретегот на вториот тим на Реал Мадрид, Сантијаго Солари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу големи имиња се поврзуваа со клупата на Реал во изминатиот период, а изгледаше дека најблиску е Антонио Конте. Сепак, изгледа дека од Конте нема да има ништо. Обложувалниците имаат три фаворити за конечно решение на клупата на „кралевите“.

Интересно дека сега прв фаворит е токму Солари кој е поставен како привремено решение. Сепак, ситуацијата се сврти во негова корист, причина може да бидат првите два натпревари во кои Реал славеше во купот против Мелија и во првенството против Ваљадолид.

Така сега коефициентот дека Солари и официјално ќе биде конечно решение изнесува 2.25. Зад него следуваат Роберто Мартинез (3.75) и Маурисио Покетино (4.00).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…