Долго време се најавуваше дека Манчестер Сити ќе биде казнет со забрана за трансфери од страна на ФИФА за нерегуларности при трансферите, но на крајот „граѓаните“ поминаа само со парична казна.
ФИФА го казни англискиот шампион со 370.000 швајцарски франци за прекршување на правилата за трансфери на фудбалери под 18 години. Бидејќи Челзи за нешто слично доби забрана за трансфери во Англија се прашуваа зошто истата казнена мерка не беше применета и за „граѓаните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега ФИФА ја објасни одлуката која звучи малку чудно. Како што самите соопштуваат во ФИФА го земале во предвид тоа што клубот се извинил и ја прифатил одговорноста!?
„ФИФА нема фиксни правила за одлучување и секој случај се третира посебно врз база на факти. Кога е Сити во прашање земени се специфични факти и клупската кооперативност за да се разјаснат некои дилеми. Мора да се нагласи дека специфичните делови за случајот се различни од претходните случаи за прекршување на правилата за интернационални трансфери на фудбалери под 18 години. Членот 50, алинеа 8 од дисциплинскиот правилни предвидува дека може делумно да се прифати одговорност како дел од барањето на органот при изрекувањето на на некоја санкција. Во тој случај се носи одлука која е соодветна на случајот. Според членот 24 се зимаат во предвид и некои други фактори. За крај, Сити прифати одговорност и таа одговорност комисијата ја зема во предвид при носењето одлука“, соопштија од ФИФА.