Лионел Меси ова лето беше многу блиску до трансфер во Манчестер Сити, дури и постигна договор со „граѓаните“, но на крајот остана во Барселона.
Тогашниот претседател Џозеп Марија Бартомеу бараше да се исплати откупната клаузула од 700.000.000 евра, па трансферот пропадна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси влезе во последната година од договорот, па Сити ќе се обиде да го донесе на „Етихад“ уште во јануари.
„Сан“, тврди, дека Сити на Барселона ќе и понудат 50.000.000 евра за Меси. Доколку Меси нема намера да го продолжи договорот со Барселона, зимскиот преоден рок е последна шанса Барса да заработи некое евро од неговиот трансфер.