Дома Трансфер зона Сите страни постигнале договор: Игуаин веќе има нов клуб!

Сите страни постигнале договор: Игуаин веќе има нов клуб!

Aргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин во наредните денови ќе го напушти Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Андреа Пирло пред некое време јавно кажа дека не го гледа Игуаин во новиот проект и клубот нема да смета на него. Поради тоа Јувентус е во потрага по нов напаѓа.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо вечерва објави дека Игуаин донел конечна одлука.

Според неговите информации Игуаин постигнал договор со управата на Јувентус за раскинување на соработката и како слободен играч ќе потпише за Интер Мајами.

Познато е дека сопственик на Интер Мајами е Дејвид Бекам, па и тој лично учествувал во преговорите. Игуаин прво сакаше да остане во Европа, но на крајот се одлучи да се пресели во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…