Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сите сме луѓе: Американците ги тешеа Иранците

Сите сме луѓе: Американците ги тешеа Иранците

Американските фудбалери го тешеа својот ирански колега Саид Езатолахи по натпреварот во кој САД го победи Иран со 1:0 и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство.

На Езатолахи, кој плачеше на земја, прво му пријде Џош Сарџент, а потоа му се придружија Бренден Аронсон, Диандре Једлин и Тимоти Веа, кои го прегрнаа и му шепнаа нешто.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Мислам дека ова е повеќе од фудбал. САД и Иран имаа толку многу проблеми на политички план, а јас само сакав да покажам дека сите ние сме луѓе и се сакаме“, рече Веа, додавајќи:

„Сакав да ширам мир и љубов, да му покажам дека го сакам како брат и на ист начин како и луѓето со кои пораснав, иако доаѓаме од различни општествени ситуации и иако пораснавме поинаку“.

Претходните денови имаше многу прашања кои немаа никаква врска со фудбалот, а Аронсон вели дека ги почувствувал емоциите на неговиот ирански колега.

“Тешко е. Тој ги стави срцето и душата, одигра одлично, а тешко е да се види како колега фудбалер. Човечки е да се обидуваш да го утешиш“, истакнува Аронсон, 22 години како Веа.

Американците во осминафиналето на 3 декември ќе се сретнат со Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготви изненадувањето за Арсенал

Апсолутно никој во Реал Мадрид не се откажа од уште еден пресврт и пласман во полуфиналето…