Почнувајќи од денешните натпревари во Лигата на шампионите сите натпревари во европските купови ќе стартуваат со минута молк поради трагедијата во Индонезија во која животот го загубија над 125 луѓе.




УЕФА донесе одлука секој натпревар да започне со минута молк и така да се оддаде почит кон настраданите во стампедото на натпреварот во Маланга. Дури 32 од 125 загинати биле деца, а уште 300 се повредени. Токму поради повредените се стравува дека бројката на загинати може да се зголеми




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Големата трагедија се случи во неделата откако после една пресметка со навивачите полицијата употреби солзавец за да ја смири ситуацијата, но место тоа се направи уште поголем проблем.




Дефинитивно ова е една од најголемите трагедии кои се случиле во фудбалот.