Од вчеа во спортскиот свет актуелна е ситуацијата со Јаник Синер. Првиот светски тенисер во овој момент бил двапати позитивен на допинг на Индијан Велс, а таквата ситуација очекувано предизвика бурни реакции.
Во телото на Синер било потврдено присуството на недозволената супстанца клостебол, но нема да биде суспендиран. Причина е што грешката ја направи неговиот физиотерапевт, Џакомо Налди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што стои во објаснувањето, Налди за време на Индијан Велс го повредил прстот и се здобил со исекотина. За заздравување тој користел крема која содржела минимално количство на клостебол, а телото на Синер го контаминирал вршајќи го вообичаениот третмант пред мечевите без ракавици.
Многумина се сомневаат и дел од тенисерите и ја критикуваа одлуката Синер да биде казнет само со одземените 400 бода од турнирот и парично, но сега се појави и фотографија која можеби покажува дека Синер е во право.
На социјалните мрежи е објавена фотографија од мечот на Синер против Штруф на Индијан Велс и на истата може да се забележи преврзаниот прст на Налди.