Новиот прволигаш Струга Трим Лум добил интересна понуда.
Имено, синот на славниот бразилски фудбалер Ривалдо ги понудил своите услуги на новиот македонски прволигаш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Агентот на Ривалдо Витор Борба Фереира Јуниор или скратено Ривладињо испратил понуда Струга Трим Лум да го ангажира неговиот клиент.
Станува збор за 24 годишен играч кој игра како напаѓач.
Ривалдињо неодамна го раскина договорот со тимот на Левски Софија каде што всушност и не играше затоа што беше позајмен во романскиот Витроул
Кога не е дел од големите европски клубови јасно е дека Ривладињо е далеку од квалитетите на неговиот тим, но секако би било интересно на македонските терени да видиме син на една таква светска легенда.