Легендарниот бразилски напаѓач, Ривалдо во разговор за „Мундо Депортиво“ зборуваше за доаѓањето во Саудиска Арабија во тимот на Ал Наср каде што стана најплатен фудбалер со плата од 200 милиони евра по сезона.
Ривалдо смета дека Роналдо можеби направил грешка, „заслепен“ од богатиот договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Играчите понекогаш се измамени со големите договори кои ги потпишуваат во Саудиска Арабија. Таму се води затворен живот, а фудбалот не е лесен како што се мисли“, изјави Роналдо.
Бразилецот кој постигна 35 голови на 76 натпревари за репрезентацијата смета дека големата плата во Саудиска Арабија не го прикрива баш едноставниот живот.
„Фудбалерот може да помине во фаза на разочарување, дури и да размисли за промена ако парите кои ги добива не се доволни за среќен живот. За него, но и за фудбалот би било добро да се врати во Реал Мадрид и да ја заврши кариерата“, смета Ривалдо.
Иако не како во минатото, Ривалдо верува дека Роналдо се уште може да биде корисен.
„Навивачите мораат да разберат дека не можат да го бараат од него она што го правеше на 25-26 години. Но, Роналдо и понатаму може да помогне на клубот“, додаде Ривалдо.