Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше во победа во третото коло на АТП Мастерсот во Индијан Велс против Германецот, Јан-Ленард Штруф со 6:3 и 6:4 со што дојде до 17. победа во низа на тениските терени.
Победничката низа Синер ја започна кон крајот на годината кога на завршниот Дејвис Куп оствари три победи, но воедна и ја водеше Италија до титулата победник. Потоа го го освои Австралија Опен кој беше негов премиерн грен-слем трофеј во кариерата, го освои двојниот турнир во Ротердам и дојде до две стартни победи на Индијан Велс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој период Италијанецот запиша 17 победи во низа со што постави нов италијански рекорд кој досега го држеше неговиот сонародник Адриана Паната кој во текот на 1976 година оствари 16 победи во низа.
Синер може да се пофали и со уште една импресивна статистика, а тоа е дека во последните десет меѓусебни натпревари со своите најголеми ривали (Ѓоковиќ, Алкараз и Медведев) има девет победи и еден пораз.
Против Медведев ги победи претходните четири меча во низа, против Алкараз последните два, додека против Ѓоковиќ има три победи во последните четири меча,