Дома Фудбал Meси почнува турнеа низ Индија, погледнете колкава статуа му направија (Видео)

Meси почнува турнеа низ Индија, погледнете колкава статуа му направија (Видео)

Во периодот од 13 до 15 декември, Меси ќе ги посети четири индиски града: Колката, Мумбаи, Хидерабад и Њу Делхи, и интересот за неговото присуство е исклучително висок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најпопуларните боливудски актери исто така изразија желба лично да го запознаат Меси, а тој ќе се сретне и со индискиот премиер Нарендра Моди.

Предвидено е Меси да одржи и фудбалска клиника за младите таленти, кои ќе имаат извонредна можност да учат од еден од најдобрите. Компанија ќе му прават Луис Суарез и Родриго Де Пол.

Жителите планираат и специјален прием за Меси веднаш на почетокот на турнејата. Тие создаваат статуа од 21 метар која го прикажува Меси како го држи светскиот трофеј.

Иако статуата сè уште не е целосно завршена, скулпторите уверуваат дека ќе биде комплетирана до неговото пристигнување.

Додека е во Колката, Меси ќе се забавува играјќи фудбал на стадионот „Солт Лејк“, а ќе проба и крикет со славниот играч Соурав Гангули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Шпанија: Мундијалот можеби заврши за двајца фудбалери!

Фудбалската репрезентација на Шпанија може да се соочи со сериозни предизвици во продолжен…