Дома Фудбал Мадрид на нозе по новиот пораз на Реал: Алонсо не стигна ни да влезе во соблекувалната, а дозна…

Мадрид на нозе по новиот пораз на Реал: Алонсо не стигна ни да влезе во соблекувалната, а дозна…

Реал Мадрид во последно време не изгледа добро, а нов удар се случи во шестото коло на Лигата на шампионите со поразот од Манчестер Сити на Сантијаго Бернабеу со резултат 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите се разочарани, исто како и самите играчи, а првите погледи веднаш беа насочени кон Чаби Алонсо.

Во претходните денови се зборуваше за заминувањето на Алонсо од клупата на Реал, а многумина веднаш се интересираа што ќе биде по поразот од Манчестер Сити.

Не се чекаше долго на реакцијата на мадридскиот клуб. Чаби Алонсо не успеа ни да влезе во соблекувалната, но дозна дека нема да добие отказ.

Оваа вест ја пренесоа медиумите блиски до Реал Мадрид, а и беше објавена на социјалните мрежи.

Според сè изгледа, Алонсо ќе има уште еден месец да ја спаси својата работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт: Рашфорд може да игра повторно за Манчестер Јунајтед

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на пат да ја промени својата одлука и да ја об…