Силекс одигра лоша полусезона, а сега таа треба да биде оставена на страна и кратовци да го нападнат Куп трофејот каде што ќе играат против Академија Пандев.
После 25 години тимот од Кратово одново ќе игра во едно финале од Националниот Куп, но тренерот Горан Симов порача дека овој трофеј нема да значи многу ако испаднат од ПМФЛ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не чека важен натпревар затоа што за нас ова е единствена шанса да излеземе во Европа. Квалитетот не е спорен и кај двете екипи верувам дека и ние и А.Пандев заслуживме подобра позиција во првенството. Ние мораме да мислиме и на опстанокот, победа во финалето нема да значи ништо ако не обезбедиме опстанок“, изјави Симов.
Финалето се игра утре од 19:00 часот на Арената „Тодор Проески“.