Дома Топ вести Симеоне ја прекина пресконференцијата после едно прашање🎥

Симеоне ја прекина пресконференцијата после едно прашање🎥

Манчестер сити го елиминираше Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите, а после мечот имаше вербални расправии на работ на физичка пресметка.

Интересно беше и на пресконференцијата каде Симеоне беше прашан дали Гвардиола покажа недостаток на почит кон него кога го критикуваше начинот на игра на Атлетико.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не ме интересира кој што ќе каже за мене, без разлика дали тоа е добро или лошо. Луѓето со богат вокабулар се доволно интелигентни да те фалат и во исто време да те презираат. Но, ни ние не сме глупи и покрај тоа што можеби нашиот вокабулар е помал“, изјави Симеоне.

Потоа Симеоне стана и демонстративно ја напушти пресконференцијата, а на прашање дали би дал совет на Реал како да игра против Сити во полуфиналето, кратко порача: „Никогаш не би го направил тоа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид постави нов рекорд во Ла Лига

Сезоната во Ла Лига донесе ново поглавје во историјата на шпанскиот фудбал, а Реал Мадрид …