Дома Трансфер зона Симеоне станува тренер на Алиоски? На маса богата понуда од Ал Ахли

Симеоне станува тренер на Алиоски? На маса богата понуда од Ал Ахли

Атлетико Мадрид и аргентинскиот стратег, секој на свој начин, во наредните денови ги чека големи искушенија.

После Премиер лигата и Лига 1, Саудиските милиони стигнаа и до Примера. Иако беше само прашање на време, малку е изненадувачки што супербогатите Саудијци во Шпанија, наместо на играчите, во овој момент се фокусираа на стратезите.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Угледната „Марка“ носи ексклузива – Диего Симеоне го чекаат големи искушенија!

Тиражниот весник од Мадрид, кој е доста упатен со случувањата на „Бернабеу“ и „Метрополитен“, од свои извори дознава дека Ал Ахли, тимот на нашиот Алиоски презел конкретен чекор и на аргентинскиот стратег му понудил вртоглави услови.

Шпанците пишуваат дека челниците на саудискиот клуб изминатите недели спровеле низа неформални тестови за подготвеноста на Симеоне да се пресели на Блискиот Исток, по што решиле да стават договор на маса.

Kако што дознава „Марка“ од извор од Саудиска Арабија, станува збор за понуда која би можела да се спореди со најголемата во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукаку пак промашуваше, Белгија овој пат победи🎥

Репрезентацијата на Белгија ја надигра и победи Романија со 2:0, па не очекува драматична …