Дома Фудбал Симеоне се огласи и го израдува Интер: Атлетико погреши со Годин

Симеоне се огласи и го израдува Интер: Атлетико погреши со Годин

Навивачите на Интер беа воодушевени од веста дека Диего Годин ќе се пресели во Интер, а сега Диего Симеоне им даде дополнителна причина за радост.

Иако Симеоне категорично тврди дека Годин не потпишал ништо со Интер, јасно е дека се помирл со фактот дека ќе го изгуби искусниот стопер на лето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Клубот погреши. Вистина е дека Атлетико му вети некои работи на Годин откако доби повик од Јунајтед и дека тие ветувања не ги исполни. Во ниту еден момент клубот не вложи труд за да го продолжи договорот со Годин“.

„Атлетико и играчот во овој момент го бараат најдоброто решение. Двете страни знаат што мислам за оваа тема. Ако се случи да остане, тоа ќе се случи затоа што тоа е најдобро решение за сите. Но…“, остана недокажан Симеоне.

Според информациите на Ди Марцио, Интер му понудил на Годин повеќегодишен договор со поголема плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги може како Мурињо – една работа им се повторува!

Фудбалскиот клуб Интер повторно е во полуфиналето на Лигата на шампионите, и не само тоа, …