Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ја коментираше ситуацијата помеѓу Барселона и Лионел Меси.
Меси е без договор од 1 јули, а Симеоне смета дека доколку Аргентинецот замине ќе загуби многу Ла Лига.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ла Лига треба да го задржува најдоброто. Најубаво е Меси да остане во првенството. Веќе го загубивме Кристиано Роналдо. Се надевам дека ќе можеме се уште да се насладуваме на играта на Лео во ова првенство. Барселона треба да направи се за да го задржи Меси“, изјави Симеоне.
Коментари