Дома Фудбал Лига на шампиони Симеоне верува дека Атлетико ќе ја помине групата во ЛШ

Симеоне верува дека Атлетико ќе ја помине групата во ЛШ

И покрај лошиот старт во Лигата на шампиони, тренерот на Атлетико Диего Симеоне верува дека неговиот тим ќе успее да ја помине групата и да се пласира во следната фаза.

Атлетико се уште нема победа во групата после три натпревари и вчера не успеа да го победи Карабаг, но Симеоне верува во своите избраници.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Верувам во овие фудбалери и знам дека тие се способни да прогресираат на табелата во групата. Сепак, треба да ја подобриме нашата игра при завршување на нападите. Нерешен исход може да се случи на секој натпревар. Со Карабах не искористивме неколку шанси. Сепак до крајот има уште три средби и имаме можност да освоиме доволно бодови за да одиме во следната фаза“, изјави Симеоне.

Во групата Ц на првите две места се Челзи со 7 и Рома со 5 бода, Атлетико е трет со 2, Карабах има 1 бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Колумбиецот Херера со силна емоција и од срце ја пееше македонската химна (Видео)

Колумбиецот Себастијан Херера го забележа својот прв настап за македонската репрезентација…