Легендарниот бразилски УФЦ борец, Андерсон Силва на неславен начин ја заврши кариерата, откако Јураја Хол го нокаутираше во четвртата рунда.
После борбата победникот зачудувачки клекна пред Силва и му се извини, па на тој начин му изрази почит на легендарниот борец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Те сакам. И понатаму си еден од најголемите“, му кажа Хол на Силва.
Силва кажа дека ова е неговиот последен танц, иако подоцна на прашањето дали му е завршена ММА-кариерата кажа дека уште ништо не е сигурно.
„Прво морам да се вратам дома, да седнам со својот тим и ќе видиме. Тешко ми е сега да кажам. Ова го правам цел живот и со цело срце, па ќе видиме што ќе се случи“, кажа Силва.