Бразилецот Нејмар и понатаму е најскапо платениот фудбалер со сумата од 222 милиони евра за која ПСЖ го доведе од Барселона, меѓутоа во последниот период се повеќе се пишува дека може да си замине.
Медиумите од француската престолнина пренесуваат дека Нејмар е непожелен во францускиот клуб и во Париз се обидуваат да се ослободат од него. Челзи е еден од тимовите со кои се поврзува Нејмар, а свој коментар на оваа тема сега даде поранешниот дефанзивец на ПСЖ, Тијаго Силва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според бразилскиот дефанзивец кој неколку пати во минатото зборуваше дека не е задоволен од начинот на кој ПСЖ се однесувал кон него во последната сезона Нејмар треба да потпише за Челзи.
„Нејмар треба да оди во Челзи. Ако се случи тоа за што се пишува, за него Челзи е најдобра опција. Не знам ништо повеќе од вас за ова, меѓутоа се надевам дека има нешто“, изјави Силва.