Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска одржа состанок со поранешниот градоначалникот и голем поддржувач на фудбалот и спортот во општина Гостивар, Невзат Бејта.
Во „Куќа на фудбалот“ разговараа за подготвеноста на Фудбалската федерација на Македонија за инфраструктурно подобрување на фудбалските капацитети во Гостивар, а првиот човек на ФФМ ја потврди заложбата на федерацијата за помош на сите региони во нашата држава.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
– Во име на Фудбалската федерација на Македонија, сакам да им порачам на сите љубители на фудбалот во општина Гостивар и нашиот голем пријател Невзат Бејта дека ние како федерација секогаш сме подготвени да создаваме услови за подобра иднина на македонскиот фудбал.
Ако во тоа ја имаме поддршката од општините, сигурни сме дека можеме да осигураме убава иднина на нашиот спорт, а посебно за најмладите фудбалери.
Како федерација и досега вложувавме во инфраструктурата во Гостивар, а секако дека и во иднина ќе помагаме. Соработката со општините низ државата мора да биде на високо ниво кога се во прашање важни проекти со цел подобра и поквалитетна реализација на истите, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
– Пред сѐ би сакал да упатам честитка до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини за неговиот избор и заложбите кој ги прави заедно со Управниот одбор за развој на фудбалот во Македонија. Верувам дека и моите сограѓани од Гостивар се радуваат на успесите на нашата репрезентација и подобрувањето на квалитетот на фудбалот во државата. Исто така, верувам дека заеднички можеме да одиме чекор повеќе во создавањето квалитетна спортска инфраструктура во Гостивар.
Сметам дека треба да влеземе во нови проекти за подобрување на фудбалската инфраструктура, а ние сигурно ќе ја поддржиме секоја иницијатива која ќе значи поквалитени услови за фудбалерите и клубовите.
Гостивар секогаш дава репрезентативни фудбалери, а тоа го заслужуваат и луѓето од фудбалот во нашиот град кои во минатото биле одлични репрезентативци и сеуште го помагаат развојот на спортот во нашата општина, изјави Невзат Бејта.