Дома Останати Тенис Сестрински дуел на Индијан Велс

Сестрински дуел на Индијан Велс

Серена Вилијамс избори пласман во третото коло на мастерсот во Индијан Велс, откако во втората рунда ја победи Кики Бертенс со 2:0.

Серена против Холанѓанката Бертенс првиот сет го доби во тајбрејк, откако претходно двете направија по еден брејк. Голема борба Серена и Бертенс водеа и во вториот сет, а клучниот момент се случи во единаесеттитот гем кога Американката ја искористи третата брејк топка.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од друга страна, Венус беше сигурна против Романката Сорана Кристе со 6:3, 6:4, па сега по прв пат уште од финалето на Аустралијан Опен минатата година, ќе видиме судир меѓу сестрите Вилијамс.

Сестрите Вилијамс досега имаа 28 меѓусебни средби, а Серена води во пресметките со 17:11.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…