Серхио Рамос оваа сезона игра добро во дресот на ПСЖ, но неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на сезоната.
Последните информации се дека ПСЖ нема да му понуди договор на 36-годишниот дефанзивец бидејќи сака на негово место да доведе помлад стопер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ веќе имаат договор со Милан Скриниар од Интер, па ќе му се заблагодарат на Серхио Рамос и ќе се разделат на крајот на сезоната.
Покрај Рамос се очекува уште неколку ѕвезди да го напуштат „Паркот на принцовите“, бидејќи ПСЖ спрема реконструкција на лето, а на излезна врата е и Нејмар.
Интерес за Рамос покажуваат клубови од Саудиска Арабија и САД, а Шпанецот се уште не донел конечна одлука.