Откако во јавноста започнаа да кружат приказни за теорија на заговор поради тоа што натпреварот помеѓу Јувентус и Интер е преместен за во период кога Интер има згуснат распоред стигна одговор од Серија А.
Интер критикуваше затоа што во последните во периодот за кога е закажано дербито со Јувентус ќе игра против Аталанта и Наполи и тоа ќе бидат последните три натпревари во сезоната. Сепак, од Серија А порачаа дека Интер имал уште една можност која ја одбил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во петокот на состанокот му предложивме на Интер натпреварот да се игра во понеделник навечер со публика. Интер одби да игра. Треба да превземат одговорност за својата одлука, а не да зборуваат за некакви теории на заговор против нив. Марота го интересираат целите на Интер, мене ме интересираат целите на лигата“, изјави шефот на Серија А, Паоло Дал Пино.