Дома Фудбал Сериозни проблеми за Барселона и Валверде: После Умтити, остана без уште еден стопер

Сериозни проблеми за Барселона и Валверде: После Умтити, остана без уште еден стопер

Екипата на Барселона во краток период остана без двајца важни фудбалери, а за проблемот да биде уште поголем станува збор за двајца стопери.

Откако пред неколку дена беше потврдено дека Самуел Умитити поради повреда ќе отсуствува до крајот на годината, до Барселона стигна уште една лоша вест – се повреди Томас Вермален.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Белгиецот не игра често за Барселона, но неговата повреда доаѓа во незгоден момент бидејќи Валверде ќе се соочи со сериозни проблеми на стоперската позиција.

Томас Вермален се повреди во натпреварот помеѓу Белгија и Швајарија, а според информациите ќе отсуствува шест недели.

Искусниот Вермален за Барселона одигра два натпреваи во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ со понуда која Донарума тешко дека ќе ја прифати, три англиски клуба се подготвени да реагираат

Според најновите извештаи, тимот на Париз Сен Жермен, кој важи за еден од највлијателните …