Најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон испрати многу пофални зборови за најголемиот ривал на „црвените ѓаволи“, екипата на Ливерпул.
Имено, Фергусон верува дека Ливерпул после 20 години е конкурентен во Премиер лигата и дека се едни од главните кандидати во борбата за титулата оваа сезона, најмногу поради Јирген Клоп.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се случува и најголемите светски клубови да имаат очајна серија која понекогаш може да трае и две децении. Токму таков е и Ливерпул кој смени голем број на менаџери во тој период, но тие менаџери го немаа идентитетот на клубот. Јирген Клоп го има! Оваа сезона Ливерпул е сериозен кандидат за титулата во Премиер лигата“, смета Фергусон.
Ливерпул игра одлично оваа сезона и моментално го дели првото место на табелата заедно со Манчестер Сити и Арсенал.