Tимот на Њукасл скапо ја плати победата против Њукасл бидејќи остана без својот прв голман Ник Поуп.
Поуп најверојатно ќе оди на операција на рамото и го очекува долга пауза. Оваа повреда всушност е обновување на истата која ја имаше во 2018 година и поради која мораше да паузира половина година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во клубот се надеваат дека паузата нема да биде толку долга, меѓутоа за секој случај во клубот веќе размислуваат и за можни опции за доведување во јануари.
Њукасл има уште двајца голмани на располагање Мартин Дубравка и Лорис Кариус. Според информациите изборот паднал на Давид Де Геа кој се уште е без ангажман откако замина од Манчестер Јунајтед. Де Геа го напушти Јунајтед откако не се договори околу платата. Во Јунајтед Шпанецот заработуваше 375.000 фунти. Останува сега да се види ако во Њукасл се сериозни колку се спремни да понудат за голман кој во иднина (по враќањето на Поуп) не би бил во прв план.