Дома Фудбал Останато Сензација во најава: Зидан на клупата на Ливерпул?!

Сензација во најава: Зидан на клупата на Ливерпул?!

Често пати се шпекулира за можниот нов клуб за Зинедин Зидан, но тој се уште е без тренерски ангажман.

Во кариерата Французинот досега беше тренер само на Реал Мадрид каде што остави длабока трага и освои три трофеи во Лигата на шампионите. Вториот мандат го заврши пред две години и од тогаш е без работа.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Се поврзуваше со селекцијата на Алжир, но на крајот ја одби таа понуда порачувајќи дека чека нешто поголемо.

Претходно неговиот добар пријател Криштоф Дугари најави дека наскоро би можел да се врати.

„Го сака Алжир, но го разбирам зошто донесе таква одлука. Реалноста е поинаква, има поголеми амвиции“, изјави Дугари.

Последните информации од Островот се дека влегол во преговори со Ливерпул за седнување на клупата по заминувањето на Јирген Клоп кој ја напушта клупата на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капитенот Ѓорѓиев се пресели во нов клуб – ќе игра во деветтата различна земја во кариерата!

Македонскиот одбојкарски капитен, Никола Ѓорѓиев, ќе има нов клуб во наредната сезона – ис…