Дома Останати Тенис Сензација во квалификациите за Австралија Опен: Јутјубер го елиминираше поранешниот 18. играч во светот

Сензација во квалификациите за Австралија Опен: Јутјубер го елиминираше поранешниот 18. играч во светот

Уште на стартот од 2024 година имаме едно големо изненадување во светот на тенисот. Францускиот јутјубер Жил Мари го победи Беноа Пер кој е некогаш беше 18-ти во светот на стартот од квалификациите за Австралија Опен.

Мари славеше со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4). Тој има 32 години и на социјалните мрежи собрал над 100.000 следбеници и најчесто објавува содржини поврзани со тенисот со кој посериозно се занимаваше до 2015 година. Во таа година стигна до 228. место на АТП листата и доби можност да игра во квалификациите за Ролан Гарос.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


По серијата од седум порази се повлече и продолжи да игра само по локални турнири. Во време на ковид-пандемијата отвори YouTube канал и набрзо стигна до голема бројка следбеници. За да стигне до главниот ждреб на Австралија Опен потребни му се уште два триумфи. Негов следен противник ќе биде Александар Ричард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Aлкараз прв финалист на турнирот во Монте Карло!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Монте Карло, со победа над Ал…