Дома Фудбал Семедо осуден на пет години затвор

Семедо осуден на пет години затвор

Португалскиот фудбалер и актуелен член на Олимпијакос, Рубен Семедо е осуден на пет години затвор.

Осуден е условно, но забрането му е влегување во Шпанија во наредните осум години и тоа поради голем број на кривични дела.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој додека работеше во оваа земја, каде играше за Виљареал, е осуден за кражба, напад, киднапирање и поседување оружје. Пет месеци беше зад решетки, а со кауција од 30.000 евра излезе на слобода.

Набрзо замина од Шпанија и потпиша за Олимпијакос, чиј член е и денеска, а без негово присуство се одржа судењето на кое е осуден на пет години условна затворска казна.

Семедо најголемиот дел од делата ги признал и изјавил дека тоа го направил за лице на кој му бил должен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кога се враќа Родриго во тимот на Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе мора привремено да се снаоѓа без Родриго, откако шпанското радио COPE објав…